БЕСА не презема одговорност за знамето со „Голема Албанија“, тврдат дека Курти бил пречекан со сите државни знамиња

од Nikola Popovski

БЕСА денеска обвини дека Владата и целиот државен врв имале хистерична реакција на посетата на косовскиот премиер Албин Курти. Велат дека „македонската влада се плаши дека мобилизацијата на албанизмот ќе ги отповика шаблоните на политичка соработка со скриена комунистичка идеологија меѓу Скопје и официјален Белград“.

На новинарските прашања околу појавата на знамето со „Голема Албанија“, потпретседателот на партијата, Блерим Сејдиу одговори дека тие не можат да преземат одговорност за публиката.

Косовскиот премиер во Тетово беше пречекан со сите државни знамиња и законските постапки, има и слики и видео и можат сите да ги видат тие слики. Тоа што се случува во публиката тоа не преземеме ние одговорности. Сите реакции на државното раководство беа за публиката, а не за пречекот на косовскиот премиер Албин Курти. Пречекан беше според сите законски постапки, кажал Сејдиу на прес-конференцијата во седиштето на партијата.

Во серијата обвинувања тој уште наведе дека во државава која претендира да стане членка на Европската Унија, сè уште да има политичари на чело на државните институции, кои продолжуваат да се хранат со иредентистички и комунистички идеи.

Слични содржини