Бешири: Воената парада во Србија е обид да се да се демонстрира моќта на режимот пред изборите и да се одвлече вниманието од социјалните и економските проблеми

Парадата имаше првенствено домашна политичка цел, вели политикологот Бешири

од Nikola Popovski
29 прегледи Фото: Наим Лео Бешири

Политикологот од Србија и директор на „Институтот за европски работи“, Наим Лео Бешири смета дека пораката од воената парада, која изминатиот период се одржа во Србија, беше насочена повеќе кон домашната јавност отколку кон надворешнополитичката средина.

-Парадата имаше првенствено домашна политичка цел. Тоа не беше реакција на соседите, туку обид да се демонстрира моќта на режимот пред изборите и да се одвлече вниманието од социјалните и економските проблеми. Моќта на оружјето се користи како средство за внатрешен маркетинг и заплашување, а не како сериозна порака во регионалните односи, оценува Бешири во анализа за „Локално“.

Белград одржа голема воена парада: Дали моќта на оружјето се користи како средство за внатрешен маркетинг и заплашување или како сериозна порака во регионалните односи?