Бешлиовска: Ако не биде решен статусот на медицинските сестри, тогаш ќе има уште поголем одлив

од Берта Китинска
445 прегледи

Медицинските сестри треба да имаат подобар статус, и ако не биде решен, тогаш ќе се случува уште поголем одлив.Треба некој да се запраша зошто сме ние медицинските сестри сме незадоволни, изјави денеска претседателот на Здружението на медицински сестри Гордана Бешлиовска по повод најавеното заминување на три медицински сестри од Инфективната клиника.

-Ова не е нешто што се случува само сега во време на пандемија, ова е децениски проблем. Сестрите  немате дефиниција за сопствената работа и не си ги знаат своите задачи.  Ќе заврши пандемијата, ние ќе се сретнеме со уште поголем одлив. Нашите информации во моментов говорат дека голем дел веќе полагаат завршни испити во соседните земји и само чекаат крај на пандемијата и да си заминат“, рече Бешлиовска.

Слични содржини