Бесими: Доколку веднаш почнеме преговори со ЕУ, потребни ни се 15 години да го достигнеме нивниот економски раст

од Viktor Jovanov

Доколку Македонија има еден кредибилен фактор кој влече во однос на реформите, конкретно европската интеграција, тоа ќе влијае на економскиот раст. Со економски раст од 4,7 отсто како што беше во 2019, доколку истиот трае до 2035 ќе им се приближиме на европските земји, изјави универзитетскиот професор Фатмир Бесими во вечерашната дебата на Телма телевизија.

-Реформи на добро владеење, односно реформите на ЕУ, економска продуктивност, и човечкиот фактор, овие работи имаат комулатаивен ефект. За тие реформи треба да има консензус помеѓу политичките фактори бидејќи истите имаат поголем рок односно потребно им е повеќе време од еден мандат на влада, вели Бесими.

Тој додава дека од бизнис заедницата се бара долгорочна стратегија, бидејќи со тоа ќе се направи достигнување на нивото на економски раст на земјите од ЕУ.

– За да ги стигнеме земјите од ЕУ кои имаат не толку развиена економија, потебни ни се 15 години доколку веднаш започнеме со преговори со Унијата. Од економски аспект тоа не е многу долг период, вели Бесими.

Слични содржини