Бесими: Интересот на инвеститорите за еврообрзницата е доказ за здравоста на економските политики

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Иако минатата година имавме доспеани обврски за рефинасирање, како и потреба за финансирање мерки за справување со енергетската криза и првично беше предвидено да издадеме еврообврзница, сепак не излеговме на пазарот. Каматните стапки на меѓународниот пазар на капитал беа превисоки, додека претпазливото менаџирање со јавните финансии ни остави доволен простор да го оставиме задолжувањето со еврообврзницата за кога ќе се створат подобри услови. Судејќи според последната аукција, а во споредба со другите земји со сличен или повисок рејтинг од нашиот, кои непосредно издадоа еврообврзници, одлуката беше вистинска, пишува во својата редовна колумна министерот за финансии, Фатмир Бесими.

„Ќе истакнам дека големо признание за здравоста на економските политики кои ги водиме, покрај одобрувањето на ПЛЛ линијата од страна на ММФ минатата година (која се доделува исклучиво на земји со здрави економски фундаменти) и Макроекономската поддршка од Европската Комисија, исто така е и големиот интерес на инвеститорите за еврообврзницата (дури за 2,5 пати повисока сума при последната аукција на деветтата еврообврзница во почетокот на февруари 2023 година).

Министерството за финансии е подготвено да ја издаде деветата еврообврзница, штом се создадат условите за тоа. Будно ги следиме и состојбите на пазарите на капитал и ќе се донесе најоптимална одлука во најдобро време за издавање на еврообврзницата, која е наменета за рефинансирање на еврообврзницата издадена во 2016 година“, порача тој.

Слични содржини