Бесими: Одржливите фискални и економски политики придонесоа за задржување на кредитниот рејтинг во услови на пандемија

од Vladimir Zorba
396 прегледи

„Задржување на кредитниот рејтинг на истото ниво се базира на фактот дека мерките дадоа ефект за ублажување на кризата. Нашата економија во текот на годината, како што е наведено и во нашите проекции, ќе излезе од криза, односно ќе има економски резултат и раст на БДП. Фискалната рамка како и одржливите фискални политики и економските мерки придонесоа да го задржиме кредитниот рејтинг“.

Вака министерот за финансии, Фатмир Бесими, го коментира потврдувањето на кредитниот рејтинг за РС Македонија од страна на кредитната агенција „Стандард и Пурс”, во изјава за Сител.

Во однос на ризиците коишто се наведени, Бесими, вели дека едниот е од неекономска природа, како што е влошување на состојбата со пандемијата, додека вториот се однесува на европската перспектива и започнување на преговорите што ќе влијае на инвестициите. Отворањето на преговорите и реформските активности се очекува да влијаат на подобрување на рејтингот.

Стабилниот изглед како што се нотира во извештајот кој го објавува кредитната агенција за РС Македонија, ги рефлектира очекувањата дека проектираното економско задравување на нашата држава ќе помогне во лимитирање на фискалниот и надворешниот дефицит во следната година.

Агенцијата нотира дека рејтингот може да се зголеми доколку континуираните структурни реформи ги зајакнат институционалните капацитети истовремено зачувувајќи ги одржливите фискални политики.

Аспирациите за пристапување на нашата држава кон ЕУ може да бидат сидро за таквите институционални подобрувања и напредок на структурните реформи, се истакнува во извештајот.

Слични содржини