Бесими за еколошката такса: Зелената агенда носи поквалитетен живот за идните генерации

од Nikola Popovski

„Две мерки треба да се разгледаат утре на седница на Владата и да се одлучи. Првата е за ДДВ-то за домаќинствата, од од 18 на 5% за една година, наредната да биде 10% и третата година се враќа на 18%. Ова треба да помогне при транзитот на либерализацијата на пазарот на електрична енергија кај домаќинствата“, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими на прес-конференција.

Во однос на еколошката такса, тој потенцира дека се однесува на закон во надлежност на Министерството за животна средина.

„Зголемувањето на износот што веќе постои како законско решение, е со цел да се поддржат проекти што значат поддршка на нашата животна средина и зелената агенда. Тоа значи поквалитетен живот за идните генерации“, додаде Бесими и укажа дека Владата не планира да се повлече за еколошката такса.

„Утре дефинитивно ќе се одлучи на седницата“, истакна министерот.

Слични содржини