Дали сакате да носите поневообичаен накит за да ве забележат? Со новата серија на додатоци од Ив Сен Лоран, дефинитивно ќе ги свртите туѓите очи. Кoлку и да се сјајни, тие се исто така во необична форма – пенис.
Колекцијата е направена од италијански накит, предводена од Ентони Векрело.
Меѓу уникатните додатоци има збир на обетки и ѓердан, кои висат како машки сексуален орган. Тие се изработени од патентиран месинг, со натпис “Сен Лоран Париз” на грбот.
Скапите обетки во колекцијата Iv Saint Laurent чинат 215 фунти додека ѓерданот е со цена од 520 фунти.
Иако не сите го носат тоа, додатоците од колекцијата се веќе распродадени. Според “Мирор”, во Лувр не бил дозволен влез на жена која имала ваков ѓердан.