Бети Базиана положи цвеќе на гробот на Гркот Зорба во Скопје

од Vlatko K
199 прегледи

Бети Базиана, партнерката на грчкиот премиер Алексис Ципрас,  историската прва посета на грчки премиер на нашата држава, ја искористи за да положи цвеќе на гробот на Гркот Зорба на скопските гробишта Бутел.


Бети Базиана, партнерката на грчкиот премиер Алексис Ципрас,   историска прва посета на премиер на Грција на нашата држава, ја искористи за да положи цвеќе на гробот на Гркот Зорба на скопските гробишта Бутел.
Базиана положи цвеќе на грбот на човекот прикажан преку зборовите на грчкиот писател Никос Казанѕакис во романот „Алексис Зорбас“. Георгиос Зорбас во 1922 година заедно со ќерката Екатерина од Солун со воз дошол во Скопје каде што останал да живее до смртта во 1941
година.

Бил погребан во близина на Скопје, за подоцна неговите правнуци да го префрлат останките во заедниќка семејна гробница.