Без даноци за брза изградба на коридорите

од Vladimir Zorba
321 прегледи

За дел од даночните експерти нема ништо спорно во тоа што договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите, предвидува низа даночни ослободувања.

Формулацијата дека со договорот ќе се предизвика неутрален нето фискален ефект врз Буџетот од ДДВ, е само несреќно сочинета формулација бидејќи стопанските активности се ослободени од ДДВ , вели за „Локално“, даночниот советник Славко Лазоски.

-Нема  простор  за никаков  сомнеж. ДДВ оданочува потрошувачи, а не  оданочува  вршители  на  стопански  активности. Тие  се  само пренесувачи на  ДДВ, на следниот, па на  следниот, се  додека  не падне  на грбот  на  потрошуавачот, кој не  може  да  го  пренесе натаму. Ете  тоа  е  ДДВ. Нема  потреба  од  никакво ,,извинување“ за фискалните  ефекти. Тие  се такви какви  што  се, само  треба пошироко  и поаргументирано образзложение. Кога нешто ќе  се  „нафрли“, а не  се  обајснува, се  создва  сомнеж  дека  нешто „лошо фискално“ се случува, а  фактички  ништо невообичаено  нема  да се  случи. Нема „неутрален“, ниту  „нето“ ефект,  вели тој.

Славко Лазоски

Славко Лазоски

Потврда дека се работи за само уште една „нормална ненормалност” објаснува тој е што многу често, даночни ослободувања и олеснувања се даваат со неданочни закони, какви што има во Изборниот  законик, Законот  за  попис, Законот  за рурален развој, во  реглативата од  сферата на  социјалната заштита, многу поединечни во  делот  на  остварување на  равојните  цели и  сл.

„Па  така, на  некој начин,  е сосема  нормално и овде  да се  дадат даночни  ослоbодувања и  олеснувања“,  вели Лазоски.

Тој нема дилема дека ќе има загуба на даночни приходи што како што вели, ниту е невообичаено, ниту е ново или нешто досега невидено

„Целокупната  даночна  историја и  современи  даночни  системи, потврдуваат  само  едно: успешна е  само  онаа  даночна  политика  која  е успешна на  полето  на  даночните  ослободувања  и  олеснувања. Тоа  е полето  на натпреват на даночните политики  на  земјите. И  некои се  успешни, а некои  неуспешни. Даноците не  се  приказна  само од  кого  и колку  ќе  земете, туку даноците  се приказна и  за тоа  од  кого  нема  да  земете. Кај  даноците, интересно,  даночниот  суверенитет се огледува токму  во  тоа – што ослободува“, порача Лазоски.

Во однос на ослободување од плаќање данок за моторни возила Лазоски објаснува дека тоа се однесува за патничко-доставни возила  кои се помеѓу товарните  возила, кои  се  ослободени  од  ДДВ  и патничките  автомобили, кои вообичано, но не  во  сите  случаи,  се оданочуваат  со  ДДВ. Дококу настане отуѓување на вака ослободените од данок возила,  се применуваат  вообичаените  правила  на  поништување на  даночните ослободувања и се плаќаат   сите  давачки.

Во собраниска проедура се измени на осум закони со кои треба да се овозможи американско-турскиот конзорциум брзо и без отежнати процедури да ги гради автопатиштата. Доколку измените се донесат, се очекува да не се плаќа данок за доддена вредност за изградба на коридорите т.е  „Бехтел и Енка“ нема да плаќаат ДДВ за репроматеријалите, а државата како инвеститор е ослободена од плаќање ДДВ за услугите што ќе ги добие од конзорциумот. Во измените уште стои дека стратешкиот партнер ќе биде ослободен од увозни давачки и данок на моторни возила  а ќе му се враќа акцизата за енергенси.

К.В.С.

Слични содржини