Без кондом нема ни албум, ако сакате да ја слушате Мајли Сајрус

од desk2
140 прегледи

Пејачката и актерка Мајли Сајрус продава кондоми, со цел да го прослави лансирањето на новиот албум “She is Coming”.

Не, не е шега, а не е ниту шега податокот дека светот тотално полуде по идеите на Мајли и наспроти фактот дека за албумот и кондомот треба да одвоите 20 долари, односно 17,80 евра.

Албумот е во црн омот и го носи името “She is Coming 1-833-She-is-MC”, a со него добивате заштита и дигитално преземање на песните. Но, доколку кондомот не е за вас, можете да пронајдете маици, плакати и сувенири на нејзината онлајн продавница.

Дека е иновативна и не одмара кога е во прашање нејзината кариера, Мајли го докажа тоа појавувајќи се во популарната серија “Black Mirror”. Авторот на серијата, Чарли Брукер, изјавил дека никогаш не ни помислил дека ѕвезда како Мајли ќе се најде во серијата:

“Додека го пишувавме сценариото, не знаевме а не ни помислувавме дека би можеле да ја добиеме Мајли Сајрус. Кога го напишавме сценариото, престанавме да мислиме за тоа кој може да го игра делот за светската поп ѕвезда бидејќи нѝ беше потребен некој кој е уверлива меѓународна ѕвезда”, изјавил Брукер.

“Бевме пресреќни кога нѝ кажа дека го прочитала сценариото. Сè ѝ се допадна и се согласи на Скајп повик со нас”, додал авторот на “Black Mirror”./Tocka