Без кредити и со свое производство – островот Ниуе пример за развој на мала држава

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Една од најмалите држави во светот објави дека нема никакви долгови и планира да ги вложи заштедите во анимирање на култура како и за враќање на имигрантите дома, пишува Guardian.
Остров Ниуе, лоциран во коралниот Атол во Јужниот Пацифик, има помалку од 2000 жители. Иако е самоупавуван од сопствени васти тој не е целосно независен, има слободно здружение во Нов Зеланд, кое обезбедува помош околу 14 милиони долари годишн, управува со надворешната политика и обезбедува одбрана.

niue-alofi-port

Премиерот Токе Талаги изјави дека Ниуе успеал да го исплати долгот од 4 милиони долари и нема интерес да зема нови кредити, особено од големи држави како Кина. Азиската држава му понуди на островот огромни суми, на кои други тихоокеански острови веројатно немаше да одолеат.

„Се обидуваме да живееме со нашите средства, користејќи ги природните ресурси на островот. За нас е подобро да бидеме трпеливи и да инвестираме во извори на ресурси на нашиот остров”, изјави Талаги.

На 1 декември пензиите на жителите на Ниуе ќе бидат зголемени од 250 долари на 272 долари. Покрај тоа Владата се стреми да ги зголеми платите на државните службеници во следните три до пет години.

Талаги изјави дека четиридневната работна недела на владините службеници нема да се менува, а жителите на островот реагирале добро на идејата за дополнителен ден за одмор, за да вршат волонтерска активност и да учествуваат во активности на општините.

Во август Ниуе соопшти дека родителите на бебиња родени на островот, ќе добијат еднократна помош од 1437 долари. Талаги се надева дека тоа ќе ги натера младите островјани да се вратат во својата татковина и да создадат семејство. Пристапот на владата е мотивиран главно од потребата да се одржи и да го зголеми своите скромни население.

Во последните децении илјадници луѓе емигрираа во Австралија и Нов Зеланд, во потрага по подобри можности за работа. Како резултат на тоа, стотици куќи во Ниуе опустошија, а локалните жители се загрижени дека останале премалку луѓе за нормалното функционирање на островот.

Покрај тоа, владата сака да престане да се потпира премногу на странска помош.