Без печење: Чискејк со џин-тоник створен за забава

од desk2
195 прегледи

За крајот на годината ви предлагаме еден „пијан“ десерт омилена торта и коктел за незаборавен десерт со кој може да „наздравите“.

Состојки:
200 гр чајни кекси
100 гр путер
500 гр крем-сир
25 гр шеќер во прав
50 мл џин
1 лажичка исцеден сок од лимета или лимон
1 кора од лимета или лимон
100 гр бело чоколадо
300 мл хопла

Подготовка
1. Сомелете ги кексите со машинка или со сукало да бидат во прав

2. Помешајте ги со стопен путер. Смесата втиснете ја во калап за торти со дијаметар 20 см и оставте ја половина час во фрижидер да се стврден

3. Во голем сад помешајте го крем-сирот со шеќер, џин, сокот од лимон и неговата изрендана кора за да добете мазна смеса.

4. Растопете го на пареа белото чокаладо и оставете го малку да се олади околу 2 минути. пред да го промешате со со смесата од крем сир.

5. Во посебен сад изматете ја хоплата и нешно измешајте ја со крем сирот и белото чоколадо.

6. Прелејте ја врз подготвената кекс основа и вратете ја во фрижидер барем 6 часа, а идеално е преку ноќ.

7. Послужете ја со омилениот коктел. На здравје!