Секоја година повеќе од 15.000 македонски државјани заминуваат на сезонска и привремена работа во Хрватска, најчесто во туризмот и угостителството. Само во текот на 2025 година, на македонски државјани им биле издадени 11.384 дозволи за работа и престој во Хрватска, што ги потврдува размерите на овој тренд. Токму поради големиот интерес, кандидатите од Македонија треба да бидат особено внимателни кога станува збор за тоа каде и како аплицираат за работа.
Онлајн саемот за вработување Sezonac.hr започна на 27 јануари и ќе трае до 5 февруари, а овозможува директна апликација кај работодавачите во Хрватска, без посредници и без никакви трошоци за кандидатите.
Саемот е целосно виртуелен, што значи дека кандидатите не мора да патуваат во Скопје, ниту да доаѓаат на состаноци во живо – целиот процес се одвива онлајн, преку компјутер или мобилен телефон, со директна комуникација со работодавачите преку чат и видео повици.
„Фактот дека повеќе од 15.000 работници од Македонија секоја година доаѓаат да работат во Хрватска најдобро зборува за нивната важна улога во создавањето успешна туристичка сезона. Токму затоа сакаме на кандидатите да им обезбедиме сигурен и доверлив пат до работа. Sezonac.hr го организира MojPosao, кој веќе 26 години ги поврзува кандидатите и работодавачите, а аплицирањето на огласите за работа е целосно бесплатно. Ги повикуваме сите заинтересирани и ова претстојно лето да го поминат работејќи во Хрватска и притоа да направат чекор напред во својата кариера, на транспарентен и проверен начин“, изјави Синиша Комненовиќ, регионален директор за Alma Career South (MojPosao).
„Кандидатите преку официјалната платформа Sezonac.hr аплицираат директно кај работодавачите, без посредници и без дополнителни чекори. Целиот процес се одвива онлајн, без потреба од патување или состаноци во живо. Важно е да се нагласи дека никој нема право да бара пари за вработување или за пронаоѓање работа во Хрватска, поради што апелираме кандидатите да бидат внимателни кон неофицијалните Facebook кампањи, понуди и повици за преселба кои често немаат врска со реални работодавачи“, истакна Дарко Велков, генерален менаџер на Vrabotuvanje.com.
За сите кои размислуваат за сезонска работа, промена на средината или нов кариерен чекор, Sezonac 2026 е сигурно и проверено место за првиот чекор. Онлајн саемот за вработување е отворен до 2 февруари и на кандидатите од Македонија им овозможува директна апликација кај работодавачите во Хрватска, без скриени трошоци и без ризик.
Линк до Саемот Sezonac 2026