Без промени – Македонија и натаму во групата земји со хибриден режим

од Vladimir Zorba
107 прегледи

За медиумите и натаму без промени  или едноставно полоша слика од  лани, е заклучокот  од денеска објавениот  годишен извештај на Фридом хаус„Држави во транзиција“, или  Македонија и натаму останува во групата „преодни влади или хибридни режими“.  Ваква деградација Македонија   доби и   во минатиот извештај на Фридом хаус.

4764A329-29FB-4062-A91B-D609F6570486_w308_h173

Годинава   се наведува дека Македонија продолжува да забележува пад, особено во категориите: изборен процес и граѓанско општество. 

Владата, како што се оценува во извештајот, продолжува да спроведува голем број позитивни институционални реформи што ги бара Европската унија, но загрижувачките случувања во последните неколку години ја доведе под прашалник посветеноста на владејачката партија во врска со политичкиот плурализам и транспарентноста.

Во извештајот се забележува и тоа дека граѓански групи и спонтани народните движења беа против проблематичните владини предлози, вклучувајќи ги и оние за поткопување на независноста на универзитетите.

Инаку, од седум земји на Балканот, четири забележуваат пад во демократските процеси, главно поради состојбата на медиумите и судството.

Освен Македонија, меѓу нив се Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

Владините реформи и чекорите за борба против корупцијата и донесоа напредок на Албанија.

Фридом хаус констатира дека напорите за демократизација во Европа и Евроазија, се соочуваат со нови, се повеќе агресивни напади од страна на авторитарните држави и други противници.

„Авторитарните режими неуморно ги предупредуваат нивните луѓе дека чекорите кон демократија, како што се гледа во Украина, можат да завршат само во хаос, насилство и сиромаштија”, рече Силвана Хабденк Колачковска, директор на проектот „Нации во транзиција“.

 

„Со оглед на природата на надворешната закана, Европската унија треба да направи повеќе за почитување на демократските стандарди во Европа”, рече Хабденк Колачковска, додавајќи дека силата и единството на Унијата зависи од одржувањето на транспарентно владеење во секоја земја членка.

Од 29 земји, 13 беа оценети како демократии, 6 како транзициони и 10, како авторитарни режими.