Без ПЦР-тест: Македонските ученици и студенти слободно ќе можат да влегуваат во Бугарија

од Nikola Popovski
231 прегледи

Учениците и студентите од С.Македонија, Грција, Турција, Србија и Романија кои студираат во Бугарија сега ќе можат да влезат во земјата без задолжителниот негативен тест за коронавирус.

Од 17 февруари, здравствените власти го укинаа условот за ПЦР-тест за студенти кои патуваат во Бугарија секој ден или барем еднаш неделно за да посетуваат настава.

Истото важи и за студентите што живеат во Бугарија, но патуваат во една од петте земји со цел образование, секојдневно или барем еднаш неделно.

Наредбата ја издал бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов.