Без Русија веќе нема ништо да се случува во светот- Путин го принуди Запад да се согласи со него

од desk3
134 прегледи

Која е денешната улога на Русија на меѓународната сцена? И како тензиите меѓу Москва и Анкара влијаат врз позициите на Кремљ. Овие прашања ги анализира DW.

0,,18890398_303,00

И Путин и Ердоган се склони кон авторитарно управување, макар и во различна мера. И двајцата се потпираат на конзервативниот дел од општеството. До неодамна тоа им помагаше да најдат заеднички јазик, а билатералниот бизнис напредуваше. Но соборувањето на рускиот авион од турските воздухопловни сили се заканува да се стави крст на сето тоа. Најважно е дека Русија се чувствува понижена. Земјата и нејзините лидери директно се дават од емоции. На руската телевизија се истураат кофи со кал врз Турција и нејзините водачи. Во својата говор во четвртокот претседателот Путин дури и изјави дека “Алах решил да ја казни владејачката клика во Турција, и и го одзел разумот”. А тоа се исклучително остри зборови.

Грдo предвидување за 2016-та: Ќе има нуклеарен удар по две страни!

Ризици и реалности

Како резултат – билатералните односи се расипани за годините што доаѓаат. Турските плажи долго нема да видат руски туристи. И работата нема да заврши само со забраната за увоз на портокали, домати или месо. Путин го рече тоа. Русија веројатно барем за неколку години ќе ја замрзне изградбата на гасоводот “Турски поток”, а може дури и да се откаже од него.

Но најопасниот е ризикот од воени судири. Точно, Путин рече дека Русија нема «да ѕвечи со оружје», сепак ризикот останува. Русија едвај ќе се смири додека не нанесе на Турција сличен удар – на пример, да ги собори турски воен авион. Сепак до директна војна меѓу Русија и Турција или меѓу Русија и НАТО едвај ќе дојде. Таков конфликт не сакаат ниту САД, ниту останатиот западен свет, кои ќе направат се што е можно за да ги изладат жестоките страсти. Покрај тоа, Русија има потреба од Турција а најмалку поради фактот дека таа го контролира Босфорот. А Босфор е важен за Русија како поради трговијата, така и заради снабдување за воената операција во Сирија, односно – за Црноморската флота.
Путин го принуди Запад да се согласи со него
По анексија на Крим и релативно безживотната западна реакција на оваа акција Русија смета дека не ја загрозува изолација. Дури и ако се замисли дека меѓу Русија и Западот повторно се спушти железна завеса, мнозинството Руси нема да имаат ништо против. Мислам дека, сепак, во моментов не станува збор за изолација на Русија, туку дури обратно. Западот, а особено некои политичари во Германија, уште пред терористичките напади во Париз го упатуваа кон Русија сигналот дека е можно подобрување на односите. За целта сепак треба да се исполнат договорите за Украина, постигнати во Минск. Министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер неодамна дури отвори дебата за враќање на Русија во Г-8, од каде ја исклучија по анексија ната Крим.

По нападите во Париз, Франција како долгогодишен близок партнер на Русија исто така ненамерно и помага да излезе од изолацијата. Засега нема краен резултат, но очигледно е дека Москва се придвижува во потребната насока. Вешто користејќи го конфликтот во Сирија и расположението на западот по нападите во Париз, Русија фактички се врати во најголемата меѓународна политика. А претседателот Путин го принуди Запад да се согласи со него.