Шампионот на Англија, Манчестер ќе остане надвор од Лигата на шампионите следната сезона.
Барем така вели американски „Њујорк тајмс“.

Инфомациите од нивните извори велат дека инспекторите на УЕФА, кои неколку месеци го
испитуваат клубот, ќе бараат најтешка казна за „граѓаните“. Причината за ова е прекршување на
правилата за финансиски ферплеј, а особено делот кој се занимава со спонзорство.
„Њујорк тајмс“ се повикува на „Фудбал Ликс“, откако од објавените документи станува јасно дека од
Сити направиле обид да го заобиколат финансискиот ферплеј преку камуфлирање на финансиски
инјекции, кои доаѓаат директно од Обединетите Арапски Емирати. Тоа се случувало преку
спонзорски договори со компании како „Етихад“, која во принцип се води како главен спонзор на
тимот.
Постојат индикации дека УЕФА ќе го следи стриктно почитувањето на правилата за финансиски
ферплеј и со голема строгост ќе ги казни докажаните наводи. Дури и најголемите клубови се
очекува да ги трпат последиците ако не ги почитуваат прописите. Оваа линија на однесување е
последица на претходни скандали, кои се дознаа од истечените документи, кои не требаше да
бидат достапни за пошироката јавност.