Без струја утре неколку делови од Скопје

од Stefanija Kuzmanovska

Утре без електрична енергија ќе останат корисниците од улица „Серава”, како и АРМ Солунска Глава, Дом Китка, Дом Караџица, Принцес Мала Река, село Црвена Вода, Палиград, Алдинци.

Според соопштението на РЦУК, по претходно известување од ЕВН Македонија АД, поради технички причини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија во периодот од 9 до 14 часот ќе останат корисниците од улица „Серава” зграда бр. 63 и зграда бр. 89, а вопериодот од 9 до 14:30 – АРМ Солунска Глава, Дом Китка, Дом Караџица, Принцес Мала Река, с. Црвена Вода, Палиград, Алдинци.

Слични содржини