Безброј кометари за деколтето на Мадона

од desk2
231 прегледи

Кралицата на поп музиката Мадона на 14 мај го издава својот албум “Madame X”, после 4 годишна пауза. Тоа е нејзиниот 14 албум кој го снимала во Португалија, а во снимањето ѝ помогнал и продуцентот Дипло.

Минатата недела ја објави првата песна од албумот “Medelin” која ја изведува со Малума.

Со цел да го промовира својот нов албум и песна, Мадона гостувала на MTV, а наместо со приказната за својата музика многу поголемо внимание привлече со нејзиното деколте. За тоа беше виновен корсетот кој го облекла пејачката, а кој ѝ ги притиснал градите.

“Боже, кој ја пуштил вака во емисија”, “Сака повторно да биде млада, но не ѝ оди од рака”, се само дел од коментарите кои ги предизвика нејзиното гостување.