Сомалиецот поминал една недела во психијатриска клиника пред да скокне од блок

Градоначалникот на источногермански град соопшти дека минувачи сеирџии охрабриле тинејџер мигрант да скокне од блок и да се самоубие, пренесуваат американските медиуми . 15-годишното момче кое е мигрант се заканиувало да скокне од станбена зграда. Полицијата и пожарникарите, пристигнале на местото, се обиделе да го разубедат момчето.Случајни минувачи, кои присуствувале на сцената, сепак почнале да го бодрат детето да скокне, рече градоначалникот на градот Свен Шраде.
“Можеме само да го осудиме таквото однесување”, рече градоначалникот и ги нарече ” незамислив чин “повиците кои биле упатени кон момчето да скокне од блокот и да се самоубие.
Истрагата покажа дека тинејџерот бил регистриран во Германија како сомалиец и помина една недела во психијатриска клиника, пред да скокне од блокот.Трагедијата се случила во Шмолн во петокот.
Антимигрантските расположение во Германија се засилија на позадината на рекордниот прилив на мигранти минатата година и сигналите за злосторства извршени од странците.