Безжичниот полнач Пи може да полни повеќе уреди одеднаш

од desk2
109 прегледи

Со најавата на телефоните како iPhone 8 и iPhone X, многумина дури сега се запознаа со безжичното полнење. Секако, Samsung таа технологија ја има одамна.


Меѓутоа ове полначи и понатаму мора да бидат близу мобилните телефони, но полначот на компанијата Пи, не го бара тоа.

Имено, разни плочки за безжично полнење може да се позиционираат каде било во куќата и на тој начин може да се полнат уредите, но многумина сметаат дека не е безжичен оти мора да го ставите телефонот врз плочката.

Од друга страна, компанијата Пи креира безжичен полнач кој може во исто време да полни повеќе уреди. При тоа, уредите можат да бидат оддалечени од полначот до 30 см. Полначот Пи во иднина може да им служи на работници во канцеларии каде за брзо ќе се наполнат телефоните стоејќи на едно биро.

Полначот Пи ќе се продава од 2018 година, а нивната цена ќе биде под 200 долари.