54
Безживотно женско тело е пронајдено во водите на реката Вардар. Според полицијата, телото е пронајдено вчера во претпладневните часови.
-На 09.01.2025 во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во село Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат кон село Пакошево, општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки.
Од екипа на Одделот за специјални полициски операции при МВР, телото било извадено, а по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција, стои во полицискиот билтен.