БГНЕС: Белград и официјално се приклучи на пропагандата против уставните измени во С. Македонија

од Vladimir Zorba
799 прегледи

Српската државна телевизија РТС отворено се вклучи со пропаганда против уставните измени во Северна Македонија, кои се задолжителен услов за почеток на преговорите за членство на Скопје во ЕУ, пишува денеска бугарската агенција БГНЕС.

Како што јави дописникот на БГНЕСод Белград, РТС во опширниот извештај под наслов „Дали Македонците стануваат малцинство во својата земја“ им сугерира на читателите дека „Бугарите го оспоруваат идентитетот на Македонците“.

„Пред пет години, Република Северна Македонија (РСМ) го смени името како услов за продолжување на европската интеграција, но сега Бугарија постави бариера и сака Бугарите да бидат наведени како малцинство во преамбулата на Уставот, а тие претставуваат само 0,19 отсто од населението“, раскажува БГНЕС. Извештајот на РТС, додаваат, веднаш е цитиран од „Политика“, која важи за провладин весник.

Според бугарската новинска агенција, во информацијата објавена на РТС, покрај „опасноста од Бугарите, не е изоставен уште еден дежурен непријател – Албанците, кои го загрозуваат интегритетот на државата“.

„Репортерот на РТС на самиот почеток го цитира поранешниот премиер (на Северна Македонија) Зоран Заев, кој го прашал Бојко Борисов како сите во светот се направени од мајмуни, само ние Македонците сме од Бугари?“, наведува БГНЕС во текстот со наслов „Белград и официјално се приклучи на пропагандата против уставните измени во РСМ“.

Ваквата забелешка, според таа бугарска агенција, никогаш не била упатена до Борисов и била наменета за локалната публика.

Тој додава дека материјалот на РТС завршува со потсетување дека „РСМ во 2019 година направи отстапки пред Албанците и со тоа албанскиот јазик стана официјален јазик на државата“.

„Аргументите против „опасните измени на Уставот“ на РТС целосно се совпаѓаат со пропагандата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој секојдневно ги плаши сонародниците со „бугарски диктат“ по усвојувањето на таканаречениот „француски предлог“, кој го отвора патот за земјата да преговара за членство во ЕУ“, оценува БГНЕС.

Слични содржини