Бугарската вицепремиерка и министерка за економија Корнелија Нинова одби да учествува на првиот состанок на „Работната група за економија, трговија и иновации меѓу Бугарија и Република Северна Македонија“, објави БГНЕС.
Причината за тоа, како што објави бугарскиот медиум е поради средбата на претседателот Стево Пендаровски со претставниците на ОМО Илинден.
Пендаровски изјави средбата не е против Договорот за пријателство и добрососедство, кој беше потпишан во 2017 и дека со ниту една негова постапка досега или во иднина нема да придонесе за загрозување на неговото имплементирање.
Република Северна Македонија и Република Бугарија имаат исти цели, економски раст и подобар животен стандард. Заедничките активности што ги утврдиме уште на првата средба во Софија и преку конкретните чекори што денеска ги договоривме на првиот состанок на Работната група за економија, трговија и иновации, а на кои ќе работат во наредниот период одделните институции, ќе биде придонес кон нивното остварување.
Ова го заклучија министерот за финансии на РС Македонија Фатмир Бесими и министерот за иновации и раст Даниел Лорер, кои денеска во Скопје беа копретседавачи на првиот состанок на Работната група за економија, трговија и иновации.