БГНЕС: Петков до бугарското собрание ќе поднесе предлог за укинување на ветото за С.Македонија

од Берта Китинска
379 прегледи

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на С. Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Ова го споделил самиот Петков пред своите најблиски соработници, јави репортерот на БГНЕС.

Петков рекол дека „детално е запознаен со шемата како ќе се случи сето ова“.

„Во четврток / денес, 16 јуни/ официјално ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ, а јас лично утре го испратам до парламентот“.

Според БГНЕС, кој е познат по својата анти македонска пропаганда, зборовите со кои се изразил Петков биле дека „лично, Емануел Макрон и Олаф Шолц стојат зад него“.

„ Ќе го прифатиме, а потоа ќе паднеме и ќе продолжиме понатаму“, тврдат од медиумот.