„Би-Би-Си“: Македонскиот бисер меѓу Топ 20 најголеми таленти во Европа

од Nikola Popovski

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде на списокот на 20-те најталентирани европски фудбалери кои ќе имаат блескава професионална кариера, составена од британскиот сервис Би-Би-Си.

„Со две успешни сезони во дресот на Наполи и повеќе од 200 натпревари во сениорска конкуренција, ЕВРО 2020 може да биде сцена за уште поголема репутација на „македонскиот дијамант“ (како што го нарекуваат Елмас)“, објави Би-Би-Си.

Дваесет и едногодишната Елиф Елмас дебитираше за македонската репрезентација во јуни 2017 година и од тогаш е незаменлив во националниот тим, постигнувајќи седум гола на 27 натпревари.

Друшто на Елмас во изборот на „ББС“, му прават Џереми Доку (Белгија), Џордан Ларсон (Шведска), Адам Хлозек (Чешка), Окурун Кокчу (Турција), Александар Исак (Шведска), Алекс Крал (Чешка), Џамал Мусијала (Германија)., Саша Калајџиќ (Австрија), Халил Дервишоглу (Турција), Кристоф Баумгартнер (Австрија), Томаш Суслов (Словачка), Камил Пјатковски (Полска), Јошко Гвардиол (Хрватска), Они Валакари (Финска) и Педри (Шпанија).

Слични содржини