Би-Би-Си: Научниците објавија дека според т.н. “Спиралата на смртта” може да се разбере кога ќе умре човек

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Научниците соопштија дека смртта може да се прогнозира. Станува збор за т.н. Спирала на смртта. Истражувањата покажуваат дека можеби смртта не е функција само на стареењето, а на способноста за репродукција. Кога женските индивидуи или машките ќе го загубат својот фертилитет, веројатноста за нивната смрт нагло расте, соопштува Би-Би-Си,.

До неодамна биолозите претпоставуваа дека има само две главни фази на животот: детството и зрелоста. Детството се карактеризира со брз раст и развој и ризиците од смрт се помали.

Втората фаза започнува кога достигнеме сексуална зрелост. Со текот на времето, нашите тела почнуваат да се распаѓаат. Со секоја измината година веројатноста од смрт се зголемува – бавно во почетокот, но потоа побрзо и побрзо, кога стануваме возрасни.

На почетокот на 90-тите години на минатиот век истражувачите сепак идентификуваат трета фаза од животот. Она што го разликува “крајот на животот” од остатокот од зрелата возраст, е неговиот уникатен модел на смртност. Порастот на смртноста, што е карактеристично со зголемувањето на возраста, не важи за фазата на крајот на животот.

Додека за 60-годишниот има многу поголема шанса за претстојна смрт отколку за оној на 50, меѓу луѓето на 90 и 100 нема скоро никаква разлика. Неодамна научниците идентификуваа и нова, четврта фаза, која се разликува од детството, зрелата возраст и “крајот на животот”.

Тие ја нарекуваат “Спирала на смртта”. Експериментите со овошни мушички, чиј животен циклус е само неколку недели, покажуваат поврзаност помеѓу смртта и драстично намалување на репродуктивните функции.

Оваа врска овозможува со голема точност да се прогнозира датумот на смртта на мушичките, независно од нивната возраст. Експериментите спроведени пред повеќе од една деценија, покажуваат дека модификацијата на репродуктивните системи на глувците исто така значително го менува времетраењето на нивниот живот.

Кај нив научниците пресадувале јајници од млади единки и при такви состојби резултатот бил изненадувачко зголемување на времетраењето на нивниот живот. Научниците спровеле тестови за да ја проценат силата координацијата и острината на мислата, во период од неколку години.

Така идентификувале пад во физиолошките способности во периодот блиску до смртта. Сега се надеваат да ја ограничат т.н Спирала на смртта, за да можат луѓето до последен ден да живеат целосно.