БИА му забрани влез во Србија на руски антивоен активист кој живее во Белград

од Stefanija Kuzmanovska
345 прегледи

Рускиот антивоен активист Петер Никитин, основачот на Руското демократско друштво, не смее да влезе во Србија иако има постојан престој во земјата.

Никитин се вклучи во Novi dan на ТВ N1 од белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде што престојува откако синоќа се вратил од одмор во Португалија, каде живее неговата мајка.

„Се вратив со лет преку Франкфурт, а на пасошка контрола синоќа во 00:30 ми рекоа да почекам таму. По три и пол часа чекање, ми кажаа дека БИА одлучила да не ме пушти во земјава. Ми беше издадено решение со кое ми беше наложено да се вратам во Франкфурт со првиот авион“, вели Никитин за N1.

 

„Немам што да барам во Франкфурт, живеам во Белград, таму ми е домот. Одбив да ја исполнам таа наредба и засега останувам на аеродромот“, вели овој руски антивоен активист и нагласува дека ќе се обиде да ја подигне јавноста, да ангажира адвокати и да направи се за да му биде дозволено да се врати дома.

На прашањето што пишува во решението за забрана за влез во Србија, кое му е врачено, Никитин вели дека му е забранет влез во земјата, врз основа на тоа што му е изречена забрана за влез во Србија.

„Значи, тоа е забрането затоа што е забрането“, иронично забележува Никитин и подвлекува дека има постојано живеалиште во Србија, па затоа не може да му се забрани влез во земјата без претходно да се откаже од постојаниот престој.

 

„Тоа е апсолутно незаконска одлука и нема да се предадам“, рече Никитин.

Тој вели дека не смета на помошта од амбасадата на Руската Федерација, но посочува и дека е државјанин на Холандија, и дека ќе стапи во контакт со дипломатското претставништво на таа земја во Србија.

„А инаку ќе ги известам сите. Ова е мојот дом, тоа што отворено ги кажувам моите ставови, дека сум противник на политиката на Владимир Путин, тоа не е причина да не ме пуштат дома“, заклучува Питер Никитин.

Слични содржини