Бибер: ЕУ ја слушна пораката на Заев, одговорот ќе го видиме во наредниот период

од Nikola Popovski
741 прегледи

Мислам дека пораката од Заев е слушната во ЕУ. Следното прашање е што може да се преземе, вели политичкиот аналитичар и професор, Флоријан Бибер во изјава за ТВ 21.

Според него, многу членки покажаа дека се фрустрирани од ветото на Бугарија и блокадите за Северна Македонија и Албанија.

-Државите кои во минатото преставуваа пречки, сега се на страната на Северна по ова прашање во ЕУ. Тие се запознаени со проблемот, но дали ќе преземат нешто? Дали може да преземат нешто? Ова ќе го дознаеме во иднина. Ќе има шанса по изборите во Бугарија кога ќе постои стабилна влада за да учествува во дијалогот. Можеби новата германска влада ќе ја продолжи оваа политика оти сега, иако го поддржува проширувањето, Германија нема влада која што може да нареди да се тргне блокадата. Одговорот од ЕУ ќе биде во наредниот период, потенцира Бибер.

Слични содржини