БиБиСи: Кристијано Роналдо стана „Мистијано Пеналдо“

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Кристијано Роналдо и неговите лоши игри на Европското првенство се една од жешките теми за речиси сите светски медиуми.

Ситуацијата за еден од најпопуларните фудбалери на денешницата уште повеќе се влоши по промашениот пенал во осминафиналето против Словенија, кој на крајот не ја чинеше Португалија премин во следната фаза.

Британскиот јавен сервис Би-Би-Си направи потег за време на емитувањето што многумина го сметаат за несоодветен. Прикажувајќи го видеото од промашениот пенал на Роналдо во долниот дел од екранот пишуваше – Мистијано Пеналдо.

Во Би-Би-Си си поиграа со името на Роналдо, додавајќи го зборот промашување и пенал.

На ова реагираа голем број фанови со остри критики на Би-Би-Си. Меѓу првите што зборуваше беше Џон Тери, поранешен репрезентативец на Англија.

„БиБиСи, ова е срамота“, напиша тој на Инстаграм.

Слични содржини