По говорот на Меган Маркл на сопствената свадба се крена гласот на жената. БиБиСи пренесува истражување во кое се наведува дека жената е во подредена состојба на сопствената свадба, и оваа традиција мора да се надмине според изјавите од голем број на жени кои биле обесправени.

Според едно истражување кое било направено во 2016-та година од YouGov само 16% одговориле дека жените треба да одржат говор на венчавката. По 2000 години традиција жената останува замолчена, вели историчарката Мери Бирд. Како во античка Грција и Рим, жената биле исклучена од јавниот животот. И според традиционалните завети жената му се покорува на мажот.
Жените кои споделиле искуство велат дека жената чувствува голем притисок за време на свадбите и ова мора да биде надминато.