Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји се обраќаат по седницата на колегиумот на европски комесари во Брисел.
Босна и Херцеговина добива условно зелено светло за отворање на пристапните преговори со Европската унија, пренесе „Радио Сарајево“.
Фон дер Лејен рече дека Босна и Херцеговина ќе ги отвори преговорите кога ќе се исполнат условите.
„Кога станува збор за Босна и Херцеговина, има голем број чекори што тие ги презедоа брзо, еден од нив е формирањето на Советот на министри. Има напредок во борбата против криминалот. Комисијата му препорачува на Советот да преговара да се отвори веднаш штом ќе се исполнат условите“, рече таа, истакнувајќи го дестабилизирачкиот фактор од Босна и Херцеговина, односно ентитетот РС, што таа го оцени како негативен.
Another historic step for the citizens of 🇺🇦🇲🇩🇬🇪🇧🇦 regarding their 🇪🇺 aspirations.
We’ve adopted our 2023 Enlargement Package recommending to open negotiations with Ukraine and Moldova, to grant candidate status to Georgia, and to open accession negotiations with Bosnia and… pic.twitter.com/Ipr61YHFSz
— European Commission (@EU_Commission) November 8, 2023
„Забележуваме дека ентитетот РС донесе низа неуставни закони. Ја отвораме вратата за Босна и Херцеговина и ги покануваме да поминат низ таа врата, но тие мора да направат нешто“, истакна Фон дер Лејен.
Таа посочи дека за точниот датум ќе се разговара во март 2024 година.
Наскоро ќе биде објавен целосниот годишен извештај на Европската комисија за напредокот на земјите кои сакаат да влезат во Европската унија, во однос на исполнувањето на економските, правните и другите критериуми неопходни за членство.