Поради снежни наноси сопрен е сообраќајот за сите возила на делници низ Хрватска, Црна гора и БиХ.

Силниот ветар формира снежни наноси и на други делници во југозападните краеви, поради што сообраќајот се одвива отежнато.
Поради ниските температури се преупредува на можна поледица.
Посебно опасни се делниците во планинските превои, како и на мостовите, вијадуктите и тунелите.
Поради лошите временски услови во Црна Гора забранет е сообраќајот за товарни возила со приколки и шлепери на граничниот премин Хум-Шчепан Поле.
Во Хрватска поради силен ветар на Јадранската магистрала меѓу Сењ и Карлобаг забранет е сообраќајот за автобуси на кат, возила со камп приколки и мотоцикли, пренесе Индекс.
Во Славонија и во централна Хрватска на места има магла.