Уапсен е граничен полицаец од Босна и Херцеговина затоа што дозволил три лица да влезат во земјата без да им биде извршен надзор, поставен за да се спречи ширењето на коронавирусот, беше потврдено во средата од Обвинителството на БиХ.
Полицискиот службеник стациониран на граничниот премин Брчко-Гуња на 15 март дозволил нелегален влез во БиХ на три лица кои дошле од високоризична област.
Тие требале да добијат решение со кое ќе им биде одбиен влезот во БиХ или требало да бидат ставени во изолација, но граничниот полицаец сепак ги пуштил во земјата и со тоа им помогнал да ги избегнат проверките, кои ги извршуваат санитарните инспектори. Осомничениот полицаец побарал и добил мито од лицата што ги ослободил0.
„Ова е директна закана по јавното здравје на голем број граѓани на БиХ“, рече обвинителството на БиХ.
Сите три лица кои нелегално влегле во БиХ биле брзо идентификувани и лоцирани во соработка со граничната полиција на БиХ и полицијата во Брчко. Тие биле изолирани, со шт се спречени поголемите последици од овие незаконски активности.
„Мачно ми од постапките на поединци кои ја срамотат полициската работа, која се соочува со огромни предизвици. Срамно е и погубно, особено во овие моменти, да има неодговорни и непрофесионални лица кои свесно прават катастрофални грешки“, рече директорот на граничната полиција во БиХ, Зоран Галиќ.