Бијонсе го откри името на нејзиниот нов албум

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Бијонсе го откри насловот на нејзиниот нов албум – Act II: Cowboy Carter, кој ќе биде објавен на 29 март, објави АП.

Насловот беше објавен на официјалната веб-страница на американската пејачка, заедно со детали за неколку ограничени едиции на ЦД, винил и бокс сетови.

Бијонсе го најави новиот албум по рекламата со неа, емитувана за време на Супер Боул минатиот месец.

Најава за нејзиниот нов албум беше објавена на Инстаграм и заврши со натпис: Act II, 03.29 (Албумот на Бијонсе од 2022 година Renaissance често се нарекува Act I: Renaissance).

Ѕвездата целосно „навлезе“ во селскиот начин на живот, откако е родена во Хјустон, Тексас.

Таа, исто така, неодамна објави два сингла – Texas Hold’Em и 16 Carriages. Овие песни ја направија првата Афроамериканка на врвот на кантри музичката листа на Билборд.

Слични содржини