Бијонсе го украде вниманието во мини фустан кој совршено ги истакнува облините

Иако на самиот настан успеала да оди во тајност, Бијонсе го украде вниманието објавувајќи фотографија на Инстаграм.

По повод дебитантскиот филм на Мелина Матсоукас, инаку нејзина блиска соработничка и пријателка, Бијонсе се облече во мини фустан чиј крој е како создаден за девојките со облини.

Станува збор за креација на луксузната модна куќа Balmain, а пејачката носеше и нивна торба.

Овој фустан го комбинираше со чизми со змиски принт со потпис од брендот Brother Velies, а во целокупен „сафари“ стил ги вклопила и нејзината фризура и шминка.

И самата дизајнерска куќа на својот Инстаграм профил се пофалија со фотографија од дивата.

Слични содржини