Бијонсе и Џеј Зи ќе ги обноват брачните заклетви

од Vladimir Zorba

Бијонсе и Џеј Зи, кои се венчаа во 2008 година, ќе ги обноват свадбените заклетви во наредните недели, соопшти “Контакт мјузик”. Веста доаѓа само околу шест недели, откако двајцата станаа родители по втор пат – на близнаците Руми и Сер. Тие веќе имаат и ќерка на име Блу Ајви.

Извор близок до двојката, изјави дека откако пејачката и раперот поминале низ неколку навистина тешки години, тие ќе го преземат овој романтичен чекор кон крајот на летото. Тој раскажува уште дека откако уметниците долго време биле фокусирани главно на својата музичка кариера, веќе се преориентираат во корист на семејната среќа.

Во интервју неодамна Џеј Зи призна дека неговиот брак “не бил целосно изграден на 100% вистина”.

Тој рече дека работел долго време над себе, за да се соочи со тешкотиите во себе и семејството и да ги надмине.

 

Слични содржини