Се чини дека Бил Гејтс имал кристална топка или патувал низ времето, затоа што во 1999 година изнесе низа предвидувања за идината на тразвојот на технологијата, животната средина, здравството, кои се остварија.

Во својата книга „Бизнис со брзина на мислите“ изнесе слика на светот кој изгледа речиси идентично како денешниот, иако е објавена пред 20 години.
Луѓето ќе носат мали уреди
Во својата визија за иднината, Гејтс виде дека луѓето постојано ќе користат мали уреди, кои ќе им го олеснуваат секојдневието. Паметните телефони се доказ за тоа, а на многумина денес единствен комјутер со кој се користат им е токму мобилниот телефон.
Социјалните мрежи ќе не поврзат
Многу пред Facebook Гејтс говореше за приватни страници за семејства и пријатели на кои ќе разговараме и ќе ги планираме настаните.
Меѓутоа, Бил Гејтс гледаше и подалеку во иднината, па оваа година на конференција во Германија рече дека во следните 15 години, 33 милиони луѓе ќе умрат поради биотероризам.
Роботите ќе бидат главните работници
Исто така мисли дека повеќе нема да има сиромашни земји. Во следните 20 години автоматизацијата ќе ја замени работната сила во магацините и фабриките, што милиони луѓе ќе остави без работа. Гејтс смета дека поради тоа треба да се оданочуваат роботите, за да се надомести губитокот од заработка од данок на доход.
Полиовирусот кој предизвикува детска парализа може да биде истребен за две години, а Светскиот економски форум соопшти дека се регистрирани само 37 нови случаи.