Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Бил Гејтс инвестира 125 милиони американски долари во лек против коронавирус

Бил Гејтс инвестира 125 милиони американски долари во лек против коронавирус

Фондацијата Гејтс е подготвена да инвестира големи пари во изнаоѓање лек за коронавирус.

Милијардерот пред неколку дена во емисија објави дека неговата фондација планира да инвестира во седум фабрики кои работат на вакцина против коронавирус.

Гејтс објасни дека иако „неколку милијарди долари“ би можеле да одат „во неповрат“, бидејќи овие обиди би можеле да бидат залудни, клучно е да се работи за безбедност и ефикасност за да не се троши драгоцено време.

„Неколку милијарди долари во оваа ситуација, каде се трошат многу повеќе, економски се испалти. Секој месец е важен“, рече Гејтс, осврнувајќи се на американското трошење, според списанието „People“.

Минатиот месец фондацијата веќе објави дека ќе инвестира 125 милиони долари.

loading...