Бил Гејтс изработува дигитален ковид пасош

од Stefanija Kuzmanovska

Здравствените групи и големите глобални ИТ компании работат заедно на изработка на пасош за дигитална вакцинација, очекувајќи дека светските влади, авиокомпаниите и другите компании ќе бараат доказ дека граѓаните биле вакцинирани против ковид 19 за да патуваат, пишува „Фајненшл тајмс“.

Коалиција

Коалиционата иницијатива за вакцинација, која има намера да воведе т.н. пасоши за вакцинација е составена од „Мајкрософт“, предводен од мултимилионерот Бил Гејтс, „Оракл“, американската непрофитна клиника Мајо и „Комонс проџект“, кои со поддршка на фондацијата „Рокфелер“ веќе работат на меѓународно прифатен дигитален сертификат со кој се докажува дека патниците имале негативен тест на ковид 19.

Пол Мејер, извршен директор на „Комонс проџект“, рече дека на луѓето кои биле вакцинирани досега честопати им се дава само хартија, што потсетува на „старите жолти картони“.

– Коалицијата е во преговори со повеќе влади, за кои очекуваме да се развијат нивните услови за влез во нивните земји во следните неколку месеци, од задолжителниот негативен тест за ковид до „хибриди“, односно прифаќање докази за вакцинација. Поединци ќе треба да направат евиденција за вакцинација за многу аспекти за враќање во нормален живот. Живееме во глобално поврзан свет – рече Мејер и додаде дека секоја земја може да постави свои правила кои вакцини ќе ги прифати.

Системот ќе биде одговорен за заштита на податоците, а поединците ќе ги чуваат своите записи во дигитален паричник или на хартиен QR код, за да можат да контролираат со кого ги споделуваат. Некои осигурителни компании дури објавија дека некои компании, продавачи, па дури и универзитети ќе бараат доказ за вакцинација од своите клиенти и студенти, а работодавците од работници.

Слични содржини