Финансиската криза од 2008 година остави милиони луѓе без работа и резултираше во голема рецесија. Требаше да помине многу време за работите повторно да се стабилизираат, а сега основачот на Microsoft, Бил Гејтс, вели дека светот треба да се подготви за уште една слична криза.

Бил Гејтс е познат по точните проценки, па затоа неговото тврдење дека кризата ќе се повтори е навистина загрижувачко. Тој вели дека не може да процени кога следната криза ќе се случи, но дека со сигурност е пред нас.
„Не би можел да знам точно кога ќе се случи новата криза, но знам дека е пред нас. За среќа, веќе покажавме дека можеме да се избориме со една таква криза пред 10 години“, напиша Бил Гејтс на Reddit, одговарајќи им на корисниците на оваа мрежа.
Сепак, и покрај негативните предвидувања, тој и Ворен Бафет остануваат оптимисти кога се работи за американската економија. Во есеј за американскиот магазин Time напиша дека пред САД се години на економски раст и дека децата кои сега растат ќе живеат подолго и посреќно од нивните родители.
„Немојте премногу да се фокусирате на пазарот. Доколку пробувате да купите акции кога цената е ниска и да ги продадете кога цената ќе се покачи, нема да остварите добри резултати. Ако не сте спремни да поседувате нешто повеќе од 10 години, зошто мислите дека е добро да го поседувате 10 минути?“, рече Ворен Бафет.
Познатиот американски бизнисмен смета дека купувањето и задржувањето на квалитетни акции е најдобрата инвестиција која можете да ја направите.