Основачот на софтверскиот гигант Microsoft Бил Гејтс најави дека супербогатите луѓе како него треба да плаќаат повисоки даноци , соопштува CNN.
“Јас треба да плаќам повисоки даноци “, истакна Гејтс, кој е втор најбогат човек во светот по сопственикот на “Амазон” Џеф Безос.
“Платив повеќе даноци, над 10 милијарди долари, во споредба со било кој друг, но Владата треба да бара луѓето во мојата позиција да плаќаат значително повисоки даноци “, инсистираше Гејтс, чие богатство се проценува на над 90 милијарди долари.
Гејтс исто такаја критикуваше даночната реформа на американскиот претседател Доналд Трамп и изјави дека луѓето од групата со највисоки приходи ќе имаат најголема корист од неа.
” Луѓето кои се побогати, ќе добијат многу повеќе бенефиции од средната класа или оние кои се сиромашни , а така тоа противречи на вкупниот тренд кој би сакале да видите каде социјалните надоместоци завршуваат, а луѓето на врвот плаќаат повисоки даноци “, рече мултимилионерот.