Бил Гејтс позитивен на коронавирус, откри какви симптоми има

од Stefanija Kuzmanovska

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот и голем донатор во борбата против Ковид 19, изјави дека е позитивен на коронавирусот.

Тој во објава на Твитер рече дека има благи симптоми.

Гејтс (66) рекол дека е во изолација и дека претходно примил вакцина и бустер доза, пренесува „Њујорк тајмс“.

Не е познато дали ова е првпат Гејтс да добие позитивен резултат од тестот.

Рече дека на состаноците на неговата фондација ќе учествува на виртуелен начин.

Слични содржини