Биљали Зендели: Мицкоски е во паника, сфаќа дека ДУИ не може да се елиминира

ДУИ: „Зошто СДСМ нема кандидати таму каде што ВМРО-ДПМНЕ исто така не предложи, како во Чаир, Тетово, Гостивар и Струга? Не е ли ова доказ дека ВМРО и СДСМ спроведуваат заеднички план за политичка асимилација на Албанците?“

од Nikola Popovski
71 прегледи

Последните изјави на Христијан Мицкоски се најјасен доказ за неговата паника пред 19 октомври. Кога политички лидер ја губи смиреноста и измислува имагинарни сценарија за коалиции што не постојат, тоа значи само едно: тој знае дека поразот и неуспехот да се реализираат антиалбанските планови му тропаат на вратата. Вистината е едноставна: неговиот проект наречен ВЛЕН е во слободен пад и на 19 октомври ќе претрпи вистински дебакл. Наместо да зборува за визија и програма, Мицкоски се занимава со фикции и се обидува да измислува сценарија за самиот да избере албански претставници, обвинија денеска од ДУИ преку прес-конференција.

Членката на партијата, Арта Биљали-Зендели упати неколку прашања до премиерот Христијан Мицкоски.

– Зошто на Мицкоски толку многу му пречи ДУИ? Дали е тоа затоа што знае дека не може да ја потчини ДУИ и да ја претвори во вазал? Зошто СДСМ нема кандидати таму каде што ВМРО-ДПМНЕ исто така не предложи, како на пример во Чаир, Тетово, Гостивар и Струга? Не е ли ова доказ дека ВМРО и СДСМ спроведуваат заеднички план за политичка асимилација на Албанците и продолжување на деградирачкиот проект со вазалите на ВЛЕН? Зошто се појави толку загрижен во Собранието кога рече дека планот на ДУИ е „да не им се дозволи на Македонците да избираат кој ќе ги води албанските општини“?

Реалноста е следнава: Мицкоски сфати дека ДУИ не може да се елиминира. Бидејќи ДУИ не е само партија – таа е политичка организација на Албанците, темел на еднаквоста и архитект на најголемите достигнувања на оваа земја: Охридскиот договор, членството во НАТО, преговорите со ЕУ, јазичните и институционалните права, порача екс-пратеничката.

На 19 октомври, додаваат од ДУИ, Албанците ќе го дадат најсилниот одговор.

-Ние не исчезнуваме, не се предаваме и не сме продадени. А уште помалку се купува албанското достоинство. Нашиот глас е посилен од која било фикција, а на 19 октомври, овој глас ќе се чуе како никогаш досега. ДУИ е тука и ќе остане единствената политичка опција на Албанците, рече Биљали Зендели.