Бин Салман: Палестинците треба да ги прифатат предлозите на Трамп или да молчат

од desk2
83 прегледи

 

Саудискиот принц, престолонаследникот Мохамед бин Салман пред челниците на еврејските групи со седиште во САД рече дека палестинското водство мора да ги прифати условите за мир кои ги понуди администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објавија израелските медиуми.

За време на затворениот состанок минатиот месец во Њујорк со лидерите на организацијата Бин Салман остро ги критикуваше Палестинците, поточно нивниот претседател Махмуд Абас, објави Канал 10 во неделата, цитирајчи израелски дипломатски извори.

„Во неколкуте последни децении палестинското водство пропушташе прилика по прилика и ги одби сите мировни предлози кои се понудени – ги наведуваат зборовите на Бин Салман во текстот на Барак Равид, виш дипломатски дописник на Канал 10.

„Време е Палестинците да ги прифатат понудите и да се согласат да дојдат на преговарачка маса или да замолчат и да престанат да се жалаат.

Трамп го призна Ерусалим за престолнина на Израел во декемви, што предизвика меѓународна критика.

Бин Салман наводно го притиснал Абас да го прифати американскиот предлог за мир по тој потег на Трамп. Но, палестинското водство ја бојкотира Белатa куќа до сега. Абас рекол дека САД не се повеќе „искрен посредник“во мировните преговори.

Саудискиот принц и зетот на Трамп, Џаред Кушнер наводно имаат блиски односи. Кушнер бараше од Бин Салман совети за религија откако Трамп го именуваше во тимот кој ќе ги надгледува преговорите меѓу Палестинците и Израелците.

Бин Салман во критиката на палестинското водство наведе и дека мировните мреговори меѓу Израел и Палестина треба да водат пред Саудиска Арабија и другите заливски земји да ги нормализираат односите со израел.

Саудистките официјални лица не го коментираа овој извештај.