Поради топлотниот бран кој владее во северна Калифорнија, школките таму изумираат на тлото од океанит, јавуваат од Си-ен-ен.
„Кога се приближив до теренот веднаш здогледав стотина мртви школки“ – рекла билогот Џеки Сонес од природниот резерват „Bodega Marine Reserve“ и додала како подоцна открила дека тоа не се случува само таму туку на поголема површина на морето и дека има над 10 илјади мртви школки на крајбрежјето на Северна Каролина.
Изумрени се и отворените школки
Кога Сонес се приближила до крајбрежјето видела дека многу од изумрените школки се отворени. Кога школките се здрави и живи тие се затворени, но кога тие ќе изумрат тогаш се отвораат откривајќи го внатрешното ткиво.
Калифорнија доживеа рекорден топлотен бран во јуни со температури кои на некои места биле 38 степени целзиусови. На 10-ти и 11-ти јуни во градот Санта Роса кој е на триесет километри оддалеченост од заливот Бодега, температурата била 37.8 степени.
Бактерии кои се хранат со човечко месо
Високите температури во морето не само што ги “варат“ школките до смрт, туку тие овозможуваат побрзо размножување и ширење на бактериите Vibrio vulustomust кои се хранат со месо, а ги има во американската вода, пишуваат од „Insider“.
Vibrio vulustomust живее во солена или соленкаста вода и може да предизвика инфекција кај луѓето која може да доведе и до ампутација на некои делови од телото на човекот или да доведе до смрт. Луѓето може да се заразат со неа доколку престојуваат во вода во која ги има тие бактерии со отворена рана или да изедат сирови школки од заразеното море./Точка