Рецепт за единствена бисквит торта, која можете да ја подготвите многу лесно и едноставно.

Состојки:
1 литар млеко
4 кесички прашок за пудинг од ванила
12 лажици шеќер
200 грама бела чоколада за готвење
250 грама маргарин
450 грама бисквити
2 кесички шлаг пена
Сечкани лешници
Подготовка:
Сварете го пудингот со млекото, а додека е топол пудингот додадете ја чоколадата и мешајте додека не се растопи. Изматете го маргаринот, така што да стане пенест, потоа додадете го во филот со пудингот и добро изматете со миксер.
Бисквитите натопете ги во млеко и редете ги на чинија за торти, врз ред со бисквити ставете од филот, потоа ставете повторно бисквити и повторно фил, се додека не ја потрошите целата количина на бисквити и фил.Тортата ставете ја во ладилник за добро да се излади, па потоа декорирајте со шлаг и сечкани лешници.