Бислимовски: Доколку Грција има проблем со нафтените деривати и ние би имале

од Nikola Popovski

ТЕТО и БЕГ работата нормално. Засега нема проблеми со испораката на природниот гас. Знаете како велат, најскапата енергија е таа што ја немате, изјави првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски во гостувањето на „Топ тема“ за снабдувањето со природен гас.

На прашањето како ја коментира проценката на Медведев за 3000 долари за гас, Бислимовски смирува и вели дека веќе почнала да паѓа цената на берзите.

Тој се осврна и на испораката на нафтени деривати во земјава.

-80 до 90% од нафтените деривати доаѓаат од Грција. Доколку Грција има проблеми и ние би имале, но засега е стабилн. Очекувам дека и ЕУ да помогне во такви услови. Ако има проблеми со природниот гас, треба ЕУ да најде соодветен начин и да ни помогнат, посочи Бислимовски.

Слични содржини