Бислимовски: Доколку продолжи трендот на цени на природен гас, нема да има промена на цената на парното

од Nikola Popovski

Пазарот на природен гас е турбулентен. Ако се направеа набавки преку ЕСМ во јули, цената ќе беше 3000 долари, сега е далеку пониска. Фјучерсите за природниот гас најавуваат дека во вториот квартал од 2023 година, повторно ќе се врати на околу 2000 долари. Имаме одреден тренд на добивање на висока, но разумна цена за природен гас и да бидеме среќни доколку тој тренд продолжи, за да имаме релаксирана ситуација од аспект на притисок на цената за топлинска енергија во град Скопје, вели директорот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Тој посочува дека доколку продолжи трендот на цени на природен гас, нема да има промена на цената за топлинска енергија од 1-ви јануари.

-Трошоците за природен гас се повисоки од трошоците за дизел или мазут. Да не ни се случи тие пари што ќе ги заштедиме, да ни завршат на онкологија, рече Бислимовски во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини